сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Собранието ќе биде распуштено на 7-ми април

sobranie-6

Поврзани вести

Претседателот на македонското Собрание, Трајко Вељаноски, во интервју за ТВНова потенцира дека Собранието ќе биде распуштено на  7-ми април и дека изборите ќе се одржат на договорениот датум, односно на 5-ти јуни.

-Вака на 7  Април веќе ќе биде распуштено Собранието, значи на 6 Април до вечерта може до полноќ да работи Собранието согласно Одлуката за измена на Одлуката за распуштање на Собранието. Уште два дена се  работни кај што може Собранието да носи закони, вклучувајки нели и овој избор на министри и заменици министри. Јас очекувам да има нормален тек овие денови, она што е стигната да се заврши низ собраниската процедура да се изгласат закони и секако на 7-ми април сабајлето Собранието да биде распуштено и согласно моите надлежности јас да распишам избори за 5 Јуни, заклучи тој.

Најчитани вести