Собранието ќе одлучува за прераспределба на 1,647 милијарда денари

Со прераспределба на 1.647.100.000 денари помеѓу буџетски корисници треба да се обезбедат средства за исплата на достасани обврски засметка на проекти кај кои е забележано позабавено темпо на реализација.

Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на
централната власт и помеѓу фондовите, што синоќа ја усвои Владата, денеска ја разгледува
Собранието во рамки на 20. седница.

По констатирањето на дневниот ред претседателот на Собранието Талат Џафери ги задолжи Комисијата за финансирање и буџет како матично работно тело и Законодавно-правната
комисија да ја разгледаат Предлог одлуката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.