Собранието ќе формира Анкетна комисија за прислушувањето, по враќањето на опозицијата

Собранието на Република Македонија ќе формира Анкетна комисија за утврдување на аспектите и наводите поврзани со случајот со прислушуваните разговори. Ова е заклучено на денешната координативна средба на претседателот на Собранието со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.

Како што соопшти кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, Анкетната комисија ќе биде формирана во оној момент кога пратениците од опозицијата кои припаѓаат на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и останатите партии во коалицијата ќе се вратат во Парламентот, што впрочем претставува клучна порака од маѓународната заедница.

Со Анкетната комисија ќе претседава пратеник од опозицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.