Собранието ќе ја одржи 16. седница

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја почне работата по точките од дневен ред на 16-та седница.Собранието треба да ги донесе дополнетиот предлог на закон за прогласување на старото градско јадро на Кратово за културно наследство од особено значење, Предлог на закон за задолжителните нафтени резерви, дополнувањето на Законот за продажба на становите во општествена сопственост, измените и дополнувањата на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, измените на Законот за образование и други.

Се очекува пратениците да ја констатираат потребата за носење на измените и дополнувањата на Законот за градење. Исто така се очекува измена на одлуката за основање постојани работни тела на Собранието, како и носење одлука за објавување јавен оглас за избор на членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво.