Собранието ќе ја одржи 34. седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 34. седница на која на дневен ред се неколку закони во второ читање од областа на економијата и финансиите.

Пратениците ќе треба да се изјаснат по Дополнет предлог-закон за градежно земјиште, измените на Законот за даночна постапка, измените и дополнувањата на Законот за хартии од вредност, на Законот за банките и на Законот за парнична постапка, како и по Предлог допополнувањата на Законот за Фондот за осигурување на депозити, сите во второ читање.

На дневен ред е и Предлог законот за изменување на Царинскиот закон, по скратена постапка.