Собранието ќе ја почне 24. седница

Измените и дополнувањата на законите за водите, за социјалната заштита и за минималната плата во Република Македонија, сите во второ читање, се на дневен ред на 24. собраниска седница.

Пратенците треба да дебатираат и за предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Европската унија за учество на Република Македонија во Програмата на Унијата Фискалис 2020, како и за дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија во второ читање.

На дневен ред се и вторите читања од дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, предлог-законите за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во ЈП МЖ Инфраструктура Скопје, за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, за затворање на сметките кои се преземени во Управата за јавни приходи од поранешната Агенција за работа со блокирани сметки на учесниците во платниот промет, чии иматели се субјекти кои по организациона форма не се трговски друштва или трговци поединци.

На оваа седница треба да се дискутира и за дополнетите предлог-закони за вршење на работи за застапување во царинските постапки, за изменување и дополнување за Законот за користење и располагање со стварите на државните органи во второ читање.

По скратена постапка треба да бидат изгласани предлог-законите за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Изградба на нова и реконструкција на постојната делница Бељаковце – Крива Паланка – источниот дел од железничката пруга на Коридор 8, фаза 2“, за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Програмата за национални патишта, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта и за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој.

На оваа седница се и првите читања од предлог-законите за изменување и дополнување на законите за поштенските услуги и за градење, предлог-одлуката за давање согласност на Статутот на Агенцијата за електронски комуникации,