Собранието ќе ја продолжи 37-мата седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 37-мата седница на чиј днвен ред се дополнетиот предлог закон за општата управна постапка во второ читање.

Пред пратениците се и Предлог законот за изменување на Законот за енергетика по скратена постапка, Предлог законот за изменување на Законот за шумите во прво читање, како и Предлог законот за прогласување на локалитетот парк-шума Гази Баба за парк на природата во прво читање.

На дневен ред се и измените на Законот за внатрешни работи, по скратена постапка, Барањето за давање автентично толкување на член 113 став 2 од Законот за работни односи, поднесено од градоначалникот на Општина Гази Баба, како и Барањето за давање на автентично толкување на член 9 став (5) од Законот за идентификација и регистрација на животните.