Собранието ќе ја продолжи 43. седница

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи  43. седница со расправа за предложените измени и дополнувања на законите за Управата за јавни приходи, за Царинската управа, за надворешни работи, за судска служба и за извршување на санкциите, сите по скратена постапка.

На дневен ред се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, на Законот за културата, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, сите по скратена постапка.

Пред пратениците ќе се најде и Годишниот извештај на народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2014 година.