Собранието ќе ја продолжи 45. седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 45-та седница на која ќе расправа за неколку законски решенија по скратена постапка.

На дневен ред се измените на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост и на Законот за работните односи.

Пратениците ќе дебатираат и по измените и дополнувањата на Законот за архивски материјал и на Законот за спортот.