Македонија

Собранието ќе ја продолжи осмата седница

Собранието ќе ја продолжи осмата седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи осмата седница на која ќе расправа за Предлог-законот за прекршоците, во прво читање.

На дневен ред на седницата се и предлог-законите за изменување на Законот за субвенционирање на станбен кредит и на Законот за пратениците, и двата по скратена постапка.

Пратениците треба да дискутираат и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, во прво читање и за Предлог-законот за дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, во прво читање.