Собранието ќе ја продолжи расправата за Буџетот за 2015

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи расправата за Буџетот за 2015 година.На дневен ред на продолжението на 18-тата седница се Дополнетиот предлог буџет на Република Македонија за 2015 година, во второ читање, а како втора точка е Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2014 година.

По завршувањето на оваа седница треба да биде донесен Предлог на законот за извршување на буџетот на Република Македонија за 2015 година, по скратена постапка, кој е на дневен ред на 15-тата седница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.