Собранието ќе расправа за одземање на мандатите на пратениците

Собранието денеска ќе ја одржи 28. седница на која треба да одлучува за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата. За да му биде одземен мандат на пратеник потребно е двотретинско мнозинство односно 82 гласа. За секој мандат Собранието треба поединечно да се изјасни.

Врз основа на Извештајот на Комисијата за мандатно-имунитетни и пратенички прашања утврдено е дека во периодот од 10 мај до 10 ноември, 31 пратеник не присуствувале, не учествувале, ниту пак го известиле претседателот на Собранието дека оправдано ќе отсуствуваат од 40 седници.

Пратениците од опозицијата, со исклучок на три пратенички, по вонредните парламентарни избори донесоа одлука да не учествуваат во работата на Парламентот. Тие поднесоа оставки, но собраниската седница за нивно прифаќање беше прекината. Беше оставена можност за разговори меѓу партиите од власта и опозициската СДСМ.

Владејачките партии не се изјаснуваат во јавноста за текот на седницата и како ќе се изјаснат, па затоа сеуште не се знае дали денеска ќе им бидат одземени мандатите на пратениците од опозицијата бидејќи

За да му биде одземен мандат на пратеник потребно е двотретинско мнозинство односно 82 гласа. За секој мандат Собранието треба поединечно да се изјасни.