Македонија

Собранието на Република Македонија ќе ја одржи 45. седница

Собранието на Република Македонија ќе ја одржи 45. седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја почне 45-тата седница на која ќе расправа за неколку законски решенија во прво читање и по скратена постапка.

Како закони по скратена постапка на дневен ред се ставени измените на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост и на Законот за спорт, како и измените на Законот за архивски материјал и на Законот за работни односи.

Во прво читање на седницата ќе бидат разгледани Предлог законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност и платени обврски кон странски кредитори и странски железнички претпријатија во траен влог во МЖ Транспорт, како и измените на Законот за јавните набавки, Предлог законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и во општествена сопственост и измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

Во рамки на седницата се и Годишниот извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2014 година, извештајот за работата на Агенцијата за електронски комуникации и Предлог- одлуката за одобрување на Годишниот извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор.