Собранието на Република Македонија отворено за граѓаните

Собранието на Република Македонија денеска ќе биде отворено за посета од граѓаните.

Со тоа, како што е наведено во сопштението на собраниската прес-служба, се отвора можност граѓаните да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност.

Посетителите ќе имаат можност да го посетат и свечениот дел на Собранието и да добијат одговор на нивните прашања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.