Собранието не го прифати предлог законот за стечајци

Собранието на денешната седница не го прифати Предлог законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост што го поднесе опозицијата.

Поради неизгласување на Предлог-законот, пратениците од опозицијата ја напуштија собраниската седница.

Според опозицијата, со предложеното законско решение ќе се реши статусот на стечајните работници кои, како што наведоа пратениците, ги немаат основните услови за егзистенција. Ги повикаа пратениците од парламентарното мнозинство да гласаат за предлогот и да покажат дека се грижат за граѓаните и за почитување на Уставот и законите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.