Собранието не ја прифати интерпелацијата за Тодоров

Собранието на Република Македонија доцна синоќа со 56 гласа „против“ и 29 гласа „за“ не ја прифати интерпелацијата за работата на министерот за здравство Никола Тодоров.

Интерпелацијата беше поднесена од пратениците од опозицијата, кои побараа оставка на министерот Тодоров, поради, како што наведоа, несоодветното и нестручно управување со здравствениот систем и системски пропусти.

Според нив, Тодоров треба да си даде оставка поради смртта на неколку пациенти во измината година, нереализацијата на низа проекти, како и за заминувањето на околу 700 доктори од Македонија.

Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ интерпелацијата беше неоснована и без аргументи. Тие посочија дека за разлика од минатото сега се инвестира во реконструкција и изградба на здравствени објекти, набавена е современа медицинска опрема, реализирани се низа проекти со кои е подобрена здравствената услуга на граѓаните, намалени се цените на лековите и вработен е медицински кадар.

Тодоров: Обвинувањата се без аргументи

Министерот Тодоров ги отфрли обвинувањата, истакнувајќи дека од намалувањето на лековите се заштедени 33 милиони евра и оти лековите што се набавуваат се од истите производители од кои се набавувани и во минатото.

Тодоров: Обвинувањата се без аргументи
Тодоров: Обвинувањата се без аргументи

Обвинувате без никакви аргументи. Обвинувате за криминали и пари излезени во странство. Нула денари или евра имам на сметка во странство. Обвинувате за криминални тендери и за висината на цената на лекови. Станува збор за драматичен пад на цената на лековите. Досега се заштедени 33 милиони евра како резултат на намалувањето на цените на лековите. Со тоа им се намали приходот на вашите блиски веледрогерии коишто со сите сили се трудат да ме дискредитираат на секој начин, рече Тодоров.

Како манипулација ги отфрли и обвинувањата дека се набавуваат неквалитетни лекови потенцирајќи дека се набавуваат исти лекови како порано, но по намалени цени.

Во претпладневниот дел на седницата, министерот Тодоров осврнувајќи се на спроведените реформи за време на неговиот мандат меѓу другото истакна дека е отворена Државна кардиохиругрија, Детска кардиохирургија, Интервентна кардиологија во повеќе градови…..