Собранието отворено за граѓани секој последен петок во месецот

Собранието на Република Македонија повторно ќе биде отворено за посета на граѓаните секој последен петок во месецот.

Собраниската прес-служба соопшти дека посетителите ќе имаат можност да го посетат свечениот дел на Собранието и да добијат одговор на нивните прашања.

– Поради изведување градежни работи на зградата на Собранието, посетите на граѓаните беа времено прекинати. Сега повторно се отвора можност граѓаните да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност, се вели во соопштението.

Заинтересираните граѓани потребно е да се пријават на телефон 02 3 113 683 или на е-маил s.stamenkovska@sobranie.mk, најдоцна пет работни дена пред посетета