Собранието почнува со работа

По пауза од две и пол недели од денеска Собранието почнува со работа. За денес е закажана 62. собраниска седница на која пратениците треба да разгледаат 87 предлог законски решенија од кои дел се во скратена постапка, а дел во второ читање.

Собранието почнува со работа – На дневен ред повеќе предлог законски решенија

На дневен ред на Собранието се Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2015 година и Дополнетиот предлог на закон за национална база на податоци за лица со инвалидност, двата во второ читање.

Собранието почнува со работа – На дневен ред повеќе предлог законски решенија
Собранието почнува со работа – На дневен ред повеќе предлог законски решенија

Како точка на дневен ред е ставен и Дополнетиот предлог на закон за престанување на важење на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност во второ читање поднесен од Илија Димовски, Талат Џафери, Рафис Аљити и Антонио Милошоски.

Измените на Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај, на Законот за архивски материјал и измените на Предлог законот за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење ќе бидат разгледани во прво читање.

Ќе се расправа за поголем број закони во скратена постапка

Покрај тоа, пратениците ќе расправаат и за поголем број закони во скратена постапка од областа на финансиите, образованието, екологијата, транспортот, социјалата…

По две и пол недели пауза од денес Собранието почнува со работа. Последната седница законодавниот дом ја одржа на 31-ви јули која што беше посветена на пратенички прашања до членовите на Владата.