Собранието пред одлука да се самораспушти

Собранието денеска точно напладне ја почнува 87-мата седница на која што единствена точка на дневниот ред е Предлог-одлука за самораспуштање поднесена од пратеничката група на Демократска унија за интеграција.

Доколку предлог одлуката биде поддржана од мнозинството пратеници парламентот ќе се распушти и ќе распише предвремени парламентарни избори.

ДУИ ја поднесе иницијативата поради непостигнување договорот со владиниот коалиционер партнер ВМРО ДПМНЕ за консензуален кандидати на претстојните претседателски избори.

Од ВМРО ДПМНЕ веднаш по иницијативата прифатија одржување на предвремени парламентарни избори на 27-ми април односно на одржувањето на вториот круг од претседателските избори.

Од СДСМ, пак, побараат пред изборите да се направат промени во Изборниот законик со кои ќе се оневозможи одржување на предвремени парламентарни избори на вториот круг од претседателските.