Собранието се распушти

Собранието на Република Македонија попладнево ја донесе одлуката за распуштање на Парламентот. За одлуката гласаа 110 пратеници. Немаше против и воздржан.

Собранието претходно денеска го донесе Буџетот за 2017 година, со што се создаде услов за распуштање на овој пратенички состав.

Пред почетокот на расправата за распуштање, пратениците ги избраа Дејан Бошковски и Енвер Елмази за членови на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија. Собранието ги донесе и измените и дополнувањата на Законот за банките, на Законот за иновациска дејност и програмата за одбележување јубилејни годишнини за значајни настани и личности.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.