Собранието треба да донесе одлука за избор на нови членови на ДИК

Претседателот на Собранието ги известува политичките партии на власти во опозиција во рок од три дена од денот на приемот на известувањето за завршување на огласот да му достават предлог за членови на ДИК. Ако политичките партии не ги утврдат и не ги достават имињата на кандидатите во определениот рок, членовите на ДИК ги предлага Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието.

Членови на ДИК предложен од страна на политичка партија може да биде избрано лице државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија, да е дипломиран правник со најмалку пет години работно искуство и да не е член на орган на политичка партија.

Оние членови на ДИК кои не се избираат на предлог на политичките партии треба да се државјани на Република Македонија и постојано место на живеење да им биде тука, да имаат завршено високо образование и најмалку пет години работно искуство, да не е член на орган на политика партија во последните две години, да не бил и да не е носител или кандидат за носител на јавна функција во државната и локалната власт, да не е јавен поддржувач на политиките на власта или опозицијата и да има стручни познавања и искуства во областа на изборите и изборните процеси.

Во рамките на 73. седница на Собранието на дневен ред е и дополнетиот Предлог на Буџетот на РМ за 2016 година.