Собранието треба да ги потврди оставките на Ковачевски и Пендаровски

Собранието се распушти - избори на 5-ти јуни!
Собранието се распушти - избори на 5-ти јуни!

На почетокот на денешната собраниска седница, според најавите, ќе бидат констатирани оставките на пратениците Васко Ковачевски и Стево Пендаровски.

Ковачевски, кој во четвртокот поднесе оставка на пратеничката функција, изјави дека ќе биде прв човек на комбинатот РЕК Битола, додека Пендаровски е избран за Национален координатор на НАТО. На нивните пратенички места ќе бидат Самка Ибраимовски и Далибор Богдановски.

Во изјава за медиумите Ковачевски потврди дека можно е да има поголеми кадровски промени во власта, но смета дека треба да се огласи премиерот Зоран Заев.

„Од она што јас го имам како информација е дека првиот нареден пратеник од листата е господинот Самка Ибраимовски. Тој ќе ја напушти функцијата министер во Владата на Република Македонија. За сите останати кадровски промени очекуваме во текот на деновиве да се огласи премиерот Заев“., рече Ковачевски.

Очекува дека овие промени ќе бидат во насока на подобрување на нештата во општеството, и дека идните пратеници со својот ангажман ќе ги запазат интересите на граѓаните и на коалицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.