Македонија

Собранието го донесе законот за специјален јавен обвинител

Собранието го донесе законот за специјален јавен обвинител

Собранието на Република Македонија попладнево едногласно, со 111 гласа „за“ го донесе Законот за специјален јавен обвинител.

Во рамки на вонредната седница посветена на Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, по итна постапка, ниту еден од пратениците не гласаше „против“, а исто така немаше ниту „воздржани“.

Димовски: Време е да завршат шпекулациите и лагите

Димовски: Време е да завршат шпекулациите и лагите
Димовски: Време е да завршат шпекулациите и лагите

Во рамки на дискусијата координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски истакна оти на ваков начин конечно после повеќе месеци шпекулации, манипулации и лаги ќе се расчисти опозицискиот обид за дестабилизација на државата.

Време е маглата да се тргне, да завршат шпекулациите и лагите и време е да ја погледеме вистината низ една формално-правна рамка како што и доликува на сериозна држава. Овој Закон, смета тој, е можност да дознае вистината и чекор поблизу до нови вонредни парламентарни избори кога граѓаните ќе го кажат конечниот збор и избори кои СДСМ ќе ги загуби, рече Димовски, пренесе МИА.

За координаторот на пратеничката група на ДУИ Талат Џафери донесувањето на овој закон е, како што посочи, почеток на крајот на агонијата на македонските граѓани.

Од утре, како што рече Џафери, треба да се фокусираме на обврските кои претстојат. Побара, за нив решенијата да не се донесуваат во 5 до 12, како што рече, како денешното, бидејќи тогаш може да се донесат неодржливи или лоши решенија.

Петре Шилегов истакна дека ова е чекор кој води поблиску кон преодна влада, оставка на премиерот и како што рече, организирање фер избори.

Законското решение, рече, е повеќе од она што сите очекувале, бидејќи не се однесува на едно лице туку на посебен орган. Начинот на избор на специјалниот обвинител, како што рече пратеникот од редовите на СДСМ, ја гарантира независнота во неговата работа.

Што подразбира предложениот закон за Јавно обвинителство?

Согласно предложениот закон за Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, на предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата по претходна согласност на четирите политички партии со најголем број пратеници во Парламентот, Советот на јавни обвинители по предлог на Собранието, без објавување на јавен оглас, го избира Јавниот обвинител, со мандат од 4 години со право на повторен избор.

Кандидатот за Јавен обвинител ќе биде утврден од страна на Собранието со двотретинско мнозинство, вклучувајќи и мнозинство од гласовите на пратениците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство и ќе го поднесе до Советот на јавни обвинители на Република Македонија.

Кандидатот за Јавен обвинител ќе биде утврден од страна на Собранието со двотретинско мнозинство
Кандидатот за Јавен обвинител ќе биде утврден од страна на Собранието со двотретинско мнозинство

Советот ќе го избере јавниот обвинител на седница на која се присутни најмалку две третини од вкупниот број членови.

Работните групи на политичките партии рано утрово се договориле Катица Јанева, обвинителка од Гевгелија да биде специјален јавен обвинител.

Изборот на специјален јавен обвинител е обврска која беше преземена со договорот од Пржино за надминување на политичката криза.

Согласно договорот од Пржино, рокот за избор на специјален јавен обвинител кој ќе ги истражува случаите „Пуч“ и „Прислушување“ истекува денеска. Со изборот на специјален јавен обвинител се почитува уште една обврска од договорот за надминување на политичката криза во Македонија.

Што друго предвидува Договорот од Пржино, проследете на следниот линк.