Собранието заврши со работа за оваа година

Со поддршка на Предлог измената на Водостопанската основа на Македонија од 1968 година за акумулацијата Бучин, Собранието денеска ја заврши последната седница за 2013 година.

Во рамки на оваа, 80-тата седница, поддржани беа и предлог измените за заклучување на стечајните постапки отворени согласно Законот за присилно порамнување стечај и ликвидација, на Законот за вино кои треба да се донесат по скратена на постапка, на Законот за данокот на додадена вредност, дополнувањата на Законот за идентификација и регистрација на животните.

Претходно, во рамки на 77-та седница не доби поддршка Предлог законот за забрана на користењето на симболот истакнуван на знамето на Македонија пред влегувањето во сила на привремената спогодба потпишана меѓу Македонија и Грција во 1995 година и знамето што го содржи овој симбол, поднесен од пратеникот Ивон Величковски.