сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 31

Собраниска делегација на Молитвен појадок во Вашингтон

Во состав на делегацијата се потпретседателот на Собранието Рената Десковска и пратениците Павле Саздов и Нора Алити.

Собраниска делегација на Молитвен појадок во Вашингтон

Собраниска делегација на Молитвен појадок во Вашингтон

Поврзани вести

Собраниска делегација, предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, на покана на американски конгресмени престојува во Вашингтон, каде што ќе учествува на 64. Молитвен појадок, традиционален, национален американски собир.

Во состав на делегацијата се потпретседателот на Собранието Рената Десковска и пратениците Павле Саздов и Нора Алити.

Како што соопшти собраниската служба за односи со медиумите, македонската делегација, во текот на престојот во Вашингтон ќе учествува на неколку настани поврзани со Молитвениот појадок, ќе има и средби со повеќе конгресмени, сенатори, како и со претставници на меѓународни организации и фондации.

Секоја година претседателот на Соединетите Американски Држави и членовите на Конгресот, заедно со други високи функционери, како и дипломати и пријатели од повеќе од 140 земји од светот, се собираат на заеднички појадок да се заблагодарат за заемното пријателство и благосостојба.

Најчитани вести