Македонија

Собраниска делегација во Берлин: Повторена поддршката од Германија за евроатланските интеграции

Собраниска делегација во Берлин: Повторена поддршката од Германија за евроатланските интеграции

 

Собраниската делегација во чиј состав се пратениците Антонио Милошоски,  Александар Спасеновски,  Христина Рунчева, Сузана Салиу и Ермира Мехмети деновиве е во посета на Берлин.

Делегацијата во текот на вчерашниот ден оствари средби со пратениците  Петер Вајс, претседател на Парламентарната група за Југоисточна Европа на германскиот Бундестаг, како и со Торстен Фрај, член на парламентарната Комисија за надворешни работи и прашања поврзани со Европската унија.

На средбите уште еднаш беше искажана поддршката која што Германија и ја дава на Република Македонија за поскоро зачленување на нашата земја во ЕУ и НАТО.

На средбите, меѓу другото, се разговараше за можностите за интегрирање на Република Македонија во Европската унија при што беше потенцирана нашата посветеност во овој процес преку остварените реформски активности. Се дискутираше и за грчко-македонскиот спор за името, претстојните избори во Република Македонија и можностите за понатамошно унапредување на македонско-германските односи.

Во текот на денешниот ден планирано е делегацијата да оствари средби со портпаролот на Сојузната влада, Штефен Зајберт, како и со претседателот на Комисијата за надворешна политика, Јоан Вадепул.