Собраниска седница за пратенички прашања

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 121 седница.

На оваа седница, како што е вообичаено за секој последен четврток од месецот, македонските парламентарци треба да поставуваат прашања до членовите на Владата на Република Македонија.
Поради одржувањето на собраниската седница за пратенички прашања, денеска нема да се одржи продолжение на седницата на Комисијата за финансирање и буџет, на која се разгледува Предлог буџетот за 2017 година, кое е закажано за в петок.