Македонија

Сочувство од црногорскиот претседател за загинатите полицајци

Сочувство од црногорскиот претседател за загинатите полицајци

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ упати изрази на сочувство до македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов по повод трагичните настани во Куманово, при што загинаа осуммина полицајци.

Невладината организација „Граѓанска алијанса“, како што пренесува Хина, ја повика меѓународната заедница да не дозволи повторување на грешките од минатото, да го потврди своето активно присуство во регионот и со силни дипломатски напори да покаже дека е способна да го предводи цивилизираниот свет во 21 век.

Оваа организација оценува дека драматичните настани во Куманово, наслутуваат отворање ново поглавје на насилство на врелото балканско тло и оти политиката на меѓународната заедница, која го запре европскиот и атлантскиот интегративен пат на Македонија, придонела за состојбите во земјата и регионот.