Социјалдемократите разгледуваат продолжување на коалицијата со Меркел

Претседателството на Социјалдемократската партија на Германија (SPD) во четвртокот вечерта разговара за можноста за преговори со демохристијанската Унија CDU/CSU на канцеларката Ангела Меркел за продолжување на таканаречената „голема коалиција“ откако на почетокот од седмицава пропаднаа преговорите меѓу демохристијаните, либералите и зелените, а медиумите шпекулираат и за можна оставка на претседателот на SPD, Мартин Шулц, кој се спротистави на продолжувањето на ваквата коалиција и по септемвриските избори објави дека партијата оди во опозиција по најсланиот повоен изборен резултат.

„Ние ноќва едноставно ќе расправаме за сите можни опции“, изјави пред состанокот на претседателството на SPD неговиот член Торстен Шефер-Гуембел.

Потпретседателката на SPD Мануела Швезиг ги обвини партиите од ткн „Јамајка коалиција“, односно демохристијаните , либералите и зелените, дека одговорноста за иднината на земјата ја префрлија на нејзината партија од која по пропаста на преговорите за трипартитната коалиција се очекува промена на ставот и отворање на можноста за продолжување на ткн „голема коалиција“ со конзервативците на канцеларката Ангела Меркел.

„Јамајка ни остави куп парчиња и сега ние треба да си ја чукаме главата за тоа како повторно да ја поправиме работата“, рече Швезиг.

SPD по парламентарните избори од крајот на септември и историски најслабиот резултат до 1949 година од само 20 отсто гласови, ја исклучи можноста од продолжување на коалицијата со Унијата CDU/CSU, а еден од најтврдокорните противници на „големата коалиција“ беше токму Мартин Шулц кој кормилото на германските социјалдемократи го презема токму за оваа изборна кампања и според кого избирачите се тие коишто го отфрлиле продолжувањето на коалицијата.

Шулц во четвртокот попладнето со германскиот претседателот Франк-Валтер Штајнмаер разговараше за ситуацијата во земјата по пропаѓањето на коалициските преговори на Унијат CSU/CSU, Слободните демократи (FDP)и партијата Зелени. Иако содржината на овој разговор не е познат за јавноста, се поаѓа од тоа дека шефот на државата на Шулц му укажал на политичката ситуација во Германија и одговорноста којашто SPD ја има, имајќи предвид дека по пропаѓањето на преговорите на трите партии е единствената партија којашто може со согласност да продолжи да владее заедно со конзервативците да ја спаси земјата од нови парламентарни избори.

Штајнмаер, кој и самиот потекнува од редовите на SPD, ви претходните разговори со Унијата, либералите и Селените се изјасни како противник на нови избори. Но во редовите на социјалдемократите се создаде отпор за одбивањето на партијата за влегување во преговори за продолжување на „големата коалиција“.

Групата околу градоначалникот на Хамбург, Олаф Шолц и член на претседателството на SPD, истовремено врши притисок на Мартин Шулц по историски слабиот изборен резултат да го напушти водството на партијата и така на партијата да ѝ овозможи нов почеток. Шолц истовремено ја одби можноста за поддршка на малцинска влада водена од Ангела Меркел, но остави можност за преговори за продолжување на „големата коалиција“.

„Можете да бидете сигурни дека SPD ќе го направи она што е најдобро за Германија“, рече Шолц за јавниот сервис ZDF.

Притисокот на SPD од редовите на Унијата трае од самите паралментарни избори. Меркел на самиот ден од изборите, на којашто нејзината Христијанско-демократска унија (CDU) заедно со баварската Христијанско-социјална унија (CSU), кои исто така забележаа најслаб изборен резултат до 1949 година, ден по изборите рече дека се надева оти SPD „ќе го промени мислењето“ во врска со одбивањето за продолжување на „големата коалиција“.

Членот на претседателството на CSU, Томас Креузер, апелираше во четвртокот на SPD и неговата „државно-политичка“ одговороност.

„Мислам дека во оваа ситуација не е можно да се оправда ставот за одбивање. Јас барам од SPD да им пристапи на преговорите“, изјави Креузер за јавниот сервис ARD.

Конзервативното крило на SPD, ткн Зехејмерски круг, пледира за преговори за продолжување на „големата коалиција“, а одделни социјалдемократски првенци сметаат, како и многу аналитичари, дека SPD би можел да профитира и во програмата на идната влада да вметне многу свои политички идеи, во моментов кога на Ангела Меркел и Унијата, освен нови избори, им преостанува единствено коалиција со социјалдемократите.

Постигнувањето на договорот на трите партии беше реална шанска Меркел да си обезбеди четврти мандат на чело на Германија. Меѓутоа, FDP кој на овие избори се врати во парламентот по четири години откако не претходните не успеа да го мине изборниот праг, и Зелените кои не биле во власта 12 години, не сакаат со компромисите да го изневерат своето гласачко тело и да го расипат својот изборен успех.

Влоговите се големи и за баварската Христијанско-соцјална унија (CSU), сојузник на Меркел во конзервативната коалиција. Во CSU стравуваат дека неуспехот да се осигури ограничување на имиграцијата ќе го поттикне дополнително растот на крајната десница на регионалните избори следната година и со тоа можеби дури да го собори CSU по 60 години владеење во оваа покраина.

Неуспехот во коалициските преговарања може да доведе и до нови парламентарни избори, а тоа не им одговара на ниедна од трите партии, бидејќи стравуваат дека тоа може да доведе до уште подобар резултат за евроскептичната и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD).