Социјалдемократската Унијa ги повика граѓаните да излезат на утрешниот собир

Социјалдемократската Унија ги повика своите членови и симпатизери, а вооедно и сите граѓани на Република Македонија, мирно и достоинствено, да излезат во понеделник во 20 часот и да дадат поддршка на силна и стабилна Македонија.

„Во овие историски моменти, сите без разлика на политичка, етничка, верска или национална припадност, да се обединиме и да дадеме поддршка на стабилна Македонија.

Митингот ќе се оддржи на 18 мај, понеделник во Скопје. Овој митинг ќе биде мирен, достоинствен и плод на разумот на секој наш граѓанин“, стои во соопштението од СДУ.