Социјалната служба во Кавадарци под лупа на инспекција

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска изрази жалење и сочувство за семејството на жртвите кои настрадаа во Кавадарци.

– Сите сме згрозени од ова убиство и од овој грзоморен чин.Се работи за сложен и комплексен случај за чија што постапка е водена и во Министерсвото за внатрешни работи и во Центарот за социјални работи во Квадарци. Не е водена постапка во Министерсвото за труд и социјална политика, туку постапките за семејно насилство се водат во месно надлежните центри за социјална работа при што почетокот на постапката за заштита на жртвата од семејно насилство е покрената некаде во август месец како што ме информираа од службите од Центарот за социјална работи во Кавадарци. Меѓутоа со оглед на фактот што од страна на жртвата до пред една недела не е дадена согласност за поведување на судска постапка за изрекување на привремени мерки за заштита на жртвата во тој случај рацете на Центарот за социјални работи и на службите се врзани во насока на превземање на привремени мерки бидејќи постапката по сегашниот Закон за семејство, жртвата кога пријавува семејно насилство треба да даде согласност за покренување на граѓанска постапка пред надлежниот суд за изрекување на привремена заштита меѓутоа комуникацијата со жртвата понатаму продложува изминатите неколку месеци  во насока на психо-социјална работа и советување.

Тој информира дека доплнително покренати се и други постапки. Јавното обвинителство има постапувано и МВР односно надлежната полиција, а дополнително изминатиов период е покрената и бракоразвводана постапка и постапка на мирење помеѓу брачните другари. Појасни дека практично неколку постапки се вклучени во овој случај и сите тие сами по себе се специфични и комплексни.

– Ние како МТСП веќе дадовме налог и покрај информациите што ги имавме за постапувањето на надлежните  служби  и во однос на овој случај дадовме налог на Социјалната инспекција и на  Заводот за социјални дејности  со цел да ги провери сите детали во однос на овој случај како и постапувањето на надлежните стручни лица дали постапувале согласно Закон и според предвидените рокови за постапување според Закон, секако ако се откријат одредени недостатоци при постапувањето на службените лица ќе се превземат и соодветни мерки, вели министерот и истакнува дека токму и во таа насока е донесен и новиот Закон за превенција и заштита и спречување на семејно насилство кој што влегува во сила од 1.1.2015 година.

– Со овој нов Закон ќе се обезбеди значително поголема заштита на жртвите, предвидени се значитено поголеми казни за сторителите на семејно насилство и исто така во оној случај кога нема согласност од страна на жртвата за покренување на постапка пред надлежен Суд да се изречат привремени мерки за заштита, во тој случај е предвидено доколку во семејството во  кое се врши семејно насилство биде присутно дете во тој случај да не биде на согласнот од никого односно надлежните институции да започнат постапка за заштита на жртвите од семејно насилство  а допоолнително во случај на опасност по животот на жртвата предвидена е  и мерка за отстранување на сторителот на семејно насилство од сопствениот дом, вели тој.

Спасов изрази надеж дека со овој Закон ќе се обезбеди поголема заштита на жртвите од семејно насилство. Тој најави дека МТСП дополнително ќе го следи овој случај и понатаму ќе го следи и доколку се утврди одредено постапување спротивно на Законот односно такви непостапувања, ќе бидат санкционирани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.