Социјалните семејства од Кавадарци ќе бидат ослободени од плаќање вода и комуналии

Социјалните семејства од Кавадарци ќе бидат ослободени од плаќање сметки за вода и комуналии во периодот од една година, од 1 април годинава до 1 април идната година. Ваква одлука донесе денеска Советот на кавадаречката општина на 42 седница.

– Ова ослободување од плаќање на сметки за социјалните случаи ќе биде на товар на Јавното претпријатие „Комуналец” кое има позитивна завршна сметка, рече Зоран Јованчев, претседател на Комисијата за финансии и буџет при Советот на општина Кавадарци.

Целата постапка ќе оди во соработка со Центарот за социјални работи од Кавадарци.