Сочна шарска плескавица и колачиња со мед и путер од кикирики

Нашиот предлог за денешниот ручек е вкусна шарска плескавица и одлични колачиња со мед.

Потребно:

500 грама мелено месо

150 грама ситно сечкана сланина

150 грама кашкавал

1 јајце

50 грама презла

2 чешнина лук

2 црвени  пиперки

1 лажица ситно сечкан магдоност

1 кромид

Сол и бибер

Зачин

Подготовка:

Зеленчукот и сланината ситно се сечкаат. Потоа, сите состојки се  стававаат во подлабок сад и се замесуваат . Од смесата направете плескавици во големина по ваша желба. Ставете ги плескавиците на чинија, покриј те ги со фолија и истите оставете ги во фрижидер 45 минути пред да ги пржите. Можете да ги подготвите и на скара. Послужете ги со помфрит и салата.

Слатки колачиња кои брзо и лесно се подготвуваат.

Потребно:

1 белка од јајца

1/2 чашка мед

1/2 чашка путер од кикиритки

1/4 кафена лажичка цимет

3 чашки овесни снегулки

1/2 чашка стопен путер

1/2 чашка суво грозје

Подготовка:

Уклучете ја рерната да се загрее на 200 степени.

Земете 1/2 чашка од овесните снегулки и смелете ги. Смелените овесни снегулки ставете ги во сад, додајте го циметот и мешајте додека не се соединат.

Мешајте ја белката со миксер или со жица за матење додека не стане пенеста. Додајте го медот, путерот од кикиритки и мешавината од овесни снегулки и цимет. Потоа додадете го стопениот путер и сувото грозје и размешајте додека смесата не се соедини.

Истурете ја смесата во тава за печење која претходно ја обложивте со хартија за печење.

Печете 25 минути. Извадете ја тавата од рерната и оставете ја да се олади 5 мин. Со остар нож, исечете на 12-16 парчиња. Вратете ја во рерната и печете уште 15 мин на температура од 150 степени. Декорирајте ги по желба. Одлични се со топло млеко.