Македонија

Сочувство од Иванов до Путин по повод несреќата на рускиот авион

Сочувство од Иванов до Путин по повод несреќата на рускиот авион

Претседателот Ѓорге Иванов упати сочувство до претседателот на Руската Федерација Владимир Путин по повод авионската несреќа на рускиот авион Ербас А-321, соопшти кабинетот на Претседателот.

– Со шок и неверување ја примив веста за ужасната авионска несреќа и искрено жалам за загубените животи од оваа голема трагедија. Нема соодветни зборови што ќе ја намалат Вашата и тагата на семејствата на настраданите, но дозволете ми во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име да Ви упатам изрази на мое најискрено сочувство. Во овие тешки мигови, нашите мисли и молитви се со Вас и со пријателскиот народ на Русија, вели Иванов.