Сочувство од претседателот Иванов до турскиот претседател Ердоган

сочувство

Со голем шок и длабока потресеност ја примив веста за трагедијата во Ортакој, Истанбул, во која загинаа 39 лица. Без оглед на тоа каде живееме, ваквата трагична загуба на невини млади животи е уште еден потсетник дека мора да останеме заедно и силни во име на човечноста и да направиме сè за добросостојбата на нашите деца. Во овие мигови на длабока тага, дозволете ми во име на граѓаните на Република Македонија да изразам искрено сочувство. Нашите мисли и молитви се со семејствата кои ги изгубија нивните сакани, вели претседателот Иванов.

Сакам да знаете, додава, дека силно го осудуваме ова насилство кое се случи во Истанбул.

Искрено се надевам дека целата меѓународна заедница, додека Република Турција поминува низ овие тешки моменти, ќе работи заедно во борбата против злото и во насока на интензивирање на постоечката соработка против тероризмот. Ве молам господине Претседателе, изразите на длабоко сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите, истакнува претседателот Ѓорге Иванов

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.