Софија Куновска се „збогува“ со Град Скопје

На денешната седница советниците ја разрешија Софија Куновска од местото советник на Град Скопје бидејќи на предвремените парламентарни избори, граѓаните и доверија пратеничко столче во македонското Собрание.

Таа во изјава за медиумите рече дека Советот “едвај чекал да се отараси од неа“.

Со оглед на тоа дека нејзината партија не ги прифаќа пратеничките мандати, Куновска, заедно со 33-та пратеници на СДСМ останува дома со 30 проценти од пратеничката плата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.