Магазин

Софтвер за детектирање на рак на дојката е изумот кој победи на Саемот Intel ISEF

Софтвер за детектирање на рак на дојката е изумот кој победи на Саемот Intel ISEF

Софтвер со кој се детектира мутации на гените што предизвикуваат рак на дојката е изумот на 15-годишниот Нејтан Хан од Бостон, со кој ја доби првата награда на Саемот за наука и инженерство Intel ISEF во Лос Анџелес.

Користејќи податоци од јавно достапните бази на податоци, Хан детално ги прегледал карактеристиките на повеќе мутации во генот BRCA1, кој е заслужен за спречување на појавата на тумори со цел да го „научи” софтверот да ги разликува мутациите што водат кон почетокот на болеста, од оние што не водат. Неговата алатка е со 81 отстотна прецизност и може да се користи за прецизно идентификување на ризикот од рак.

Нејтан Хан е почестен со наградата Гордон Е. Мур во вредност од 75.000 долари, која е именувана според научникот и коосновач на корпорацијата Интел.

top-three-with-confetti-2

Фондацијата со по 50.000 долари ги награди и Ленард Клинворт, кој развил нова математичка алатка за смартфони и таблети која овозможува нови способности на уредите, како и Шенон Синѓинг Ли, која развила електрокатализатор кој може да се користи во батериите во иднина.

„На светот му требаат повеќе научници, иноватори и претприемачи за да создаваат нови работни места, да го подобрат економскиот развој и да дадат одговори на итни глобални предизвици,“ посочила Венди Хокинс, извршен директор на Фондацијата Интел.

На Саемот Intel ISEF, оваа година се натпреваруваа 1.700 млади научници кои биле избрани од 435 партнерски саеми од повеќе од 70 земји.

Корпорацијата Интел е главниот спонзор на Саемот Intel ISEF од 1997 година.