Стојаноска: Неизлечивата болест на македонското здравство се Таравари и Заев

Колку детски животи треба да згаснат за министерот за здравство Арнеб Таравари да сфати дека тој и премиерот Зоран Заев се неизлечивата болест за македонското здравство, рече во средата на прес-конференција Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.Колку детски животи треба да згаснат за министерот за здравство Арнеб Таравари да сфати дека тој и премиерот Зоран Заев се неизлечивата болест за македонското здравство, рече во средата на прес-конференција Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Стојаноска запраша и уште колку семејства треба да останат без потомство за Таравари да сфати дека здравствениот систем не е негов фејсбук или твитер профил на кој ќе си објави некој фејсбук бисер на кој што ќе му кликаат лајкови најблиските?

„Неговата несериозност и неодговорност значи несреќа и трагедија за огромен број луѓе. Пациентите почнаа да се плашат од самата помисла дека треба да побараат помош во болница за себе или за своите најмили. Уште колку комисии треба да формира Таравари за да не убедува дека немало лекарска грешка, наместо да има грам морал и да признае дека лично тој е најголемата грешка“, рече претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.
Стојаноска потсети на медиумските извештаи за смртта на уште едно новороденчи и оцени дека и овој случај министертството за здравство се обиде да го премолчи.

„Јавно прашуваме, дали има регистрирано случај во кој што бебенце починало при транспорт од Охрид кон Скопје? Дали е точно дека после неуспешниот обид да биде реанимирано, бебенцето починало во Кичевската болница? Ова е најтрагичната недела во историјата на македонското здравство. Осум детски животи згаснаа поради неспособноста и хаосот кој го направи СДС и Таравари“, рече таа.

Здравството е во хаос, оцени Стојаноска, а за ваквата состојба по клиниките како виновици ги посочи министерот за Таравари и премиерот Заев, и како што ги нарече нивните партиски полтрони во ресорот и во болниците.

Партиските послушници го руинираа здравствениот систем, продолжи Стојаноска и посочи дека нејзината партија ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше на последиците од неспособноста на „ужасните“ кадровски решенија на Таравари и СДСМ донесени за сметка на професионалците кои си ја знаат работата.

„Сега предупредувањата почнаа да се гледаат. За жал цената на инаетењето и неспособноста на СДС почна да се плаќа со човечки животи“, рече таа

„Министерот за трагедии Таравари цела недела не излезе во јавност да ги каже причините за овој црн биланс и наместо тоа се обидува да ги прикрие работите. Јавноста заслужува одговори. Јавноста сака да знае дали некој ќе понесе одговорност па макар била таа и морална.  СДС создаде невиден хаос кој најдиректно ќе го почувствуваат пациентите и на долг рок ќе придонесе за падот на квалитетот на услугите во здравството. За три месеци колку што е на власт Таравари и СДС успеа да го вратат здравството 20 години назад кога болниците беа синоним за хорор и ужас“, додаде Стојаноска

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.