Стојаноски: СЈО е инструмент диригиран од страна СДСМ за да врши притисок врз ВМРО-ДПМНЕ

Кривичните постапки на Специјалното јавно обвинителство се тенденциозни и политички мотивирани само кон ВМРО-ДПМНЕ, и сите активности на ова обвинителство се во насока на оцрнување на раководството на партијата по налог на премеирот Зоран Заев, изјави во понеделникот на прес-конференција прд СЈО,Бојан Стојаноски.

„Зоран Заев јавно говореше дека не ги признава судските одлуки и не одеше на рочишта, а судот му го врати пасошот. Охрабрени од ваквите привилегии за Зоран Заев, кој има третман дека е над законот, СЈО се впушти во политичка авантура неосновано да бара мерки за обезбедување за неговите неистомисленици. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ја опструира правдата, затоа што не сторило ниту едно кривично дело и секогаш работело според Устав и законот“, рече Стојаноски.

Посочи дека барањата за притвор на СЈО за раководството на ВМРО-ДПМНЕ е политичка желба на Заев, со која би го елиминирал стравот од поразот на претстојните локални избори.

Стојкоски притоа запраша дали лидерот на СДСМ и премиер Заев мисли дека на ваков начин, преку „нарачан“ политички прогон ќе успее да изврши притисок врз ВМРО-ДПМНЕ за да ги протне своите „антидржавните политики“.

„Не една, туку сто Катици нема да му помогнат. Не 20, туку 200 политички конструирани обвиненија нема да му завршат работа. Почнувајќи од „Титаник“, преку измислените тврдини, траектории и тенкови, сите обвиненија се без основа и срам за правосудниот систем и за оние кои ги конструирале. На граѓанитеим е совршено јасно дека СЈО работи под директен диктат на СДС. Обвиненијата на СЈО се само наратив од пресконференциите на Заев и служат единствено за оцрнување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Стојкоски.

Оцени дека ваквите постапки немаат ништо заедничко со правото, и оти станува збор за чиста политика, а политички конструираните обвиненија и предмети на СЈО претставуват преседан во правната наука.

„Катица Јанева и нејзините соработници се чуствуваат моќни и недопирливи мислејќи дека Заев вечно ќе владее. Реалноста не е таква. Зоран Заев ќе ја загуби власта и ќе се врати правната држава, а секој ќе сноси одговорност за незаконското работење“, порача Стојкоски.