среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 0

Шојбле: Напуштањето на ЕУ ќе и нанесе тежок удар на Велика Британија

Mислам дека тоа најмногу ќе им се одрази на самите Британци и затоа Британците мора да донесат одлука, порача германскиот министер за финансии, додавајќи дека „светот нема да се урне по британскиот референдум“, вели Шојбе.

За три дена Британија ќе одлучи дали ќе остане во ЕУ

За три дена Британија ќе одлучи дали ќе остане во ЕУ

Последни вести

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле предупреди денеска дека на Велика Британија ќе го претрпи најголемиот удар ако британските гласачи се определат за напуштање на ЕУ на референдумот во јуни.

Шојбле објасни дека не е можно да прецизира што би се случило среднорочно и долгорочно во случај ако се надмине бројот на гласови во корист на напуштање на Унијата, но истакна дека таквиот резултат би и нанел огромна штета на Европа.

Според неговите зборови, гласањето за излез на Велика Британија од ЕУ би можело да и наштети и на глобалната економија.

– Но мислам дека тоа најмногу ќе им се одрази на самите Британци и затоа Британците мора да донесат одлука, порача германскиот министер за финансии, додавајќи дека „светот нема да се урне  по британскиот референдум“.

– Ќе продолжи да се врти, ќе видиме што ќе се случува понатаму и ќе ја почитуваме нивната одлука, нагласи Шојбле, но сепак порача: „Внатре е внатре, а надвор е надвор“.

Најчитани вести