Шојгу: ИД контролира не повеќе од 5 отсто од сириската територија

© AP Photo/Pavel Golovkin

Во Сирија во моментов под контрола на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава (ИД) не е повеќе од 5 отсто од територијата, изјави во вторникот рускиот министер за одбрана, генералот на армија Сергеј Шојгу зборуваќи на собирот на филипинскиот остров Лусон.

„Во моментов Исламската држава контролира помалку од 5 отсто од територија, а до почетокот на возушните операции на руското воено воздухопловство контролираше повеќе од 70 отсто од територијата на Сирија“, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој присистува на четвртиот состанок на министрите за одбрана на замјите членки на Асоцијацијата на замјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) и партнерите за дијалог (СМОА плус), пренесува агенцијата ТАСС.

Шојгу, исто така, изјавил дека во текот на двете изминати години колку што траат руските водушни операции во Сирија, во овие напади биле уништени 948 кампови за обука на џихадистичките терористи, 666 фабрики и работилници за производство на муниција, илјадници единици воена опрема на Исламската држава.

„Ослободени се 998 градови и помали гратчиња, ослободената територија изнесува 503.223 просторни километри. Ликвидиран е поголемиот дел од милитантите. Започна процесот на обновување на мирниот живот во земјата. Од 2015 година во своите домови вратени се еден милион и 126 илјади лица. Само досега во 2017 година оваа обројка изнесува 660 илјади“, додал рускиот министер за одбрана.

Шојгу, исто така, истакнал дека „како резултат на целените акции на рускиот Центар за помирувње на завојуваните страни (во Сирија – з.н.) веќе две ипол илјади населени места во целата земја се приклучија на процесот на помирување“.

Покрај тоа, за двете години од ангажманот на руската авијација во Сирија, одобрен од Думата и претседателот Владимир Путин на барање на сирискиот претседател Башар ал-Асад, фактички е прекината финансиската поткрепа на Исламската држава од нафтената индустрија. Според челникот на руското министерство за одбрана, терористите добивале околу 3 милијарди долари годишно од продажба на нафта на црниот пазар до 2015 година, понекогаш и по 10 милиони долари дневно.

„Денес, финансиската поткрепа на Исламската држава од територијата на Сирија практично е прекината“, констатирал Шојгу.

Според него, во текот на двегодишните операции во Сирија, руските воздухопловни сули уништиле големи терористички формации во најважните области, како и придонеле за ослободувањето на клучните населени места и деблокриањето на главната комуникациска инфраструктура.

Шојгу додал дека биле уништени повеќе од 200 нафтени и гасни наоѓалишта, 4.000 нафтени цистерни, 126 пумпни станици и 184 нафтени рафинерии, кои биле во рацете на Исламската држава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.