среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 41

Шојгу: Руските и сириските сили ги прекинаа нападите во Алепо

Рускиот министер ги повика земјите, кои имаат влијание врз вооружените бунтовнички групи во источниот дел на Алепо, да ги убедат нивните лидери да го напуштат градот.

118332314

Последни вести

Руската и сириската авијација денеска ги прекинаа нападите во реонот на Алепо, соопшти рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Тој истакна дека предвремениот прекин на воздушните напади е потребен поради најавената „хуманитарна пауза“ од страна на Москва за 20 октомври.

Шојгу нагласи дека цивилното население ќе може да го напушти Алепо преку шест коридори, а за бунтовниците ќе бидат отворени два.

Рускиот министер ги повика земјите, кои имаат влијание врз вооружените бунтовнички групи во источниот дел на Алепо, да ги убедат нивните лидери да го напуштат градот.

Шојгу истакна и дека воени експерти од повеќе земји утре во Женева ќе разговараат за издвојување на терористите од умерената опозиција во Алепо.

Најчитани вести