петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 53

СОЈРМ ќе расправа за случајот со судијата кој бил малтретиран од тимот на Јанева

Советот на јавни обвинители утре ќе расправа за последниот пријавен случај на злоупотреби од членови на тимот на Катица Јанева. Претставката на судија кој бил малтретиран од специјална обвинителка веќе била препратена од Судскиот Совет до Советот на јавни обвинители, пишува порталот „Пресс 24“.

janeva

Последни вести

Советот на јавни обвинители утре ќе расправа за последниот пријавен случај на злоупотреби од членови на тимот на Катица Јанева. Претставката на судија кој бил малтретиран од специјална обвинителка веќе била препратена од Судскиот Совет до Советот на јавни обвинители, пишува порталот „Пресс 24“.

Од таму за „Пресс 24“ велат дека претставката е примена и за неа ќе се расправа на првата седница, односно утре.

Инаку, според неофицијални информации, во претставката било наведено дека судијата бил повикан на разговор во познат ресторан на скопскиот плоштад. Специјалната јавна обвинителка му се заканувала и го малтретирала се додека судијата не го напуштил објектот. За притисокот и заплашувањето судијата го известил Судскиот Совет.

Од таму вчера потврдија дека предметот бил доставен до надлежниот орган односно до Советот на јавни обвинители.

Инаку, ова не е прв случај кој се однесува на работењето на Специјалното јавно обвинителство, а со кој сега на посебна седница ќе треба да се занимаваат јавните обвинители.

И други граѓани се мета на закани и уцени

Претходно граѓани кои беа мета на закани и уцени поднесоа кривични пријави против членови на тимот на Катица Јанева. И полицијата по службена должност поднесе кривична пријава против вработен во МВР кој нудел 100.000 евра поткуп за лажно сведочење кое требало да ја дискредитира поранешната министерка Гордана Јанкуловска.

Во последните две пријави кои пристигнале до јавното обвинителство, граѓаните се жалат дека биле премет на закани и уцени, дека биле психички малтретирани и застрашувани да дадат исказ со кој не се согласуваат или да соработуваат со СЈО без никаква покана.

„Прес 24“: И судија бил жртва на малтретирање од тимот на Катица Јанева

„Прес 24“: И судија бил жртва на малтретирање од тимот на Катица Јанева

Според извори од истрагата, едниот граѓанин ги пријавува Специјалните обвинители дека му упаднале дома без налог и ја избркале неговата мајка, наложувајќи и да ги остави сами. Се жали дека повеќе од еден час психички го малтретирале наложувајќи му даде изјава за нешто што не го направил.

Втората пријава  е од оштетена која била предмет на заплашување и закани. Ја повикале без покана во соседниот локал на разговор. Откако ги одбила, лично и се јавило женско лице кое се претставило како обвинителка и и’ се заканило дека ако одбие да дојде, нема да помине така лесно со писмената покана.

Според неофицијални извори, истрагата на обвинителството за овие случаи прогресира, а дел од оштетените кои поднеле кривични пријави веќе биле повикани и дале исказ.

Претходно во писмена изјава до медиумите Специјалното обвинителство демантираше дека членови на тимот малтретирале граѓани. Катица Јанева сепак во изјава не сакаше да ги коментира обвинувањата од граѓаните и двете обвинителки кои беа отстранети од нејзиниот тим, тврдејќи дека во изминатите денови одмарала и била на прослави.

Најчитани вести