Балкан

Сојуз на глуви во Бугарија: Знаковиот јазик да се признае за официјален

Сојуз на глуви во Бугарија: Знаковиот јазик да се признае за официјален

Знаковиот јазик да биде признат за официјален во Бугарија инсистира од бугарскиот Сојуз на глувите (СГБ), изјави заменик претседателот на сојузот Николај Нинов на прес-конференција во БТА по повод 80-годишнината од формирање на СГБ.

„Признавањето на знаковиот јазик како официјален е во согласност со Конвенцијата на ОН за правата на луѓето со некаков недостаток“, дополни Нинов.

Од СГБ очекуваат со таквата промена професијата на преведувачи на знаковиот јазик да се изедначи со плата и статус со оние на преведувачите.

Сојузот има издаден нов речник на знаковиот јазик, што содржи 5.000 знаци за зборови со соодветни граматички правила за користење.