„Сојуз“ стаса на Меѓународната вселенска станица

Ракетата „Сојуз“ стаса на Меѓународната вселенска станица
Ракетата „Сојуз“ стаса на Меѓународната вселенска станица

Шест часа по лансирањето ракетата „Сојуз“ стаса на Меѓународната вселенска станица денес со астронаути од Јапонија, Русија и САД.

Ракетата се споила на Меѓународната вселенска станица шест часа откако била лансирана.

“Ракетата „Сојуз“ ја обиколи Земјата четири пати

Капсулата на ракетата „Сојуз“ стаса на Меѓународната вселенска станица во 4.45 часот по централноевропско време.

Астронаутите Олег Кононенко од Русија, Кјел Линдгрен од САД и Кими Ју од Јапонија полетаа од рускиот космодром во Казахстан „Бајконур“ синоќа во 23.02 минути.

Ракетата „Сојуз“ пристигнала во орбитата 15 минути по лансирањето и ја обиколила Земјата четири пати пред да се спои со вселенската станица.

Дефект на „Сојуз“ причина за пад на „Прогрес“

Научници ширум светот, како и сите вљубеници во вселената, синоќа го набљудуваа лансирањето, извршено два месеца откако рускиот вселенски товарен брод без човечки екипаж „Прогрес“ изгоре во атмосферата кога руски инженери од Земјата изгубија контрола врз него. Причина за пад на „Прогрес“, според руски инженери, бил дефект на ракетата „Сојуз“.

 

Повеќе на оваа тема можете да прочитате на следниов ЛИНК.