Шок бомба за судија на ЕУЛЕКС во Приштина

Судија на Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово (ЕУЛЕКС) бил нападнат синоќа во Приштина, со шок бомба, која кон него ја фрлил непознат сторител, јавува дописникот на МИА.

Инцидентот се случилоколу 23 часот,  во населбата Арбериа, но судијата не бил повреден.

На местото на настанот се пронајдени два неиспукани куршуми, осигурувачот на бомбата, кашиката на бомбата и експлодираната бомба. Осомничениот побегнал во непознат правец. Во врска со настанот е информиран дежурниот обвинител кој наложил случајот да се третира како „Употреба на оружје или опасно средство“ и „поседување, контрола или неовластено поседување на оружје, се вели во соопштението на полицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.