Сок за кој лудува Холивуд – топи килограми и го јакне имунитетот

Зелените сокови веќе неколку години се вистински хит во светот, а се почесто за нив се зборува и кај нас. Овие напитоци доколку правилно се направат имаат пријатен вкус и безброј позитивни ефекти – од кои очугледно најпопуларно е топењето на масните наслаги.

Речиси и да нема позната личност од Холивуд која не пие зелен  а голем број од ѕвездите како главен виновник за нивната витка линија го посочуваат токму овој напиток.

Станува збор за сокови кои се прават воглавно од овошје, но се додава и одреден зелен листест зеленчук.

На тој начин се добива зелената боја, но зелениот зеленчук нема јак вкус додека е свеж, па сокот и понатаму има вкус на она овошје кое сте го ставиле.

Овие сокови особено се препорачуваат за личноти кои имаат проблем со вишокот килограми, накачено ниво на холестерол или недостаток на енергија, но и за оние кои се слабокрвни.

Зелениот листест зеленчук дого се вбројува во „супернамирници“ зтоа што не содржи многу калории, а изобилува со корисни хранливи материи. За жал, добар дел од тие материи се уништува за време на готвењето, па затоа најздрав е кога се јаде свеж. Меѓутоа ретко кој навистина сака да јаде кељ во облик на салата.

Затоа опимално решение е правењето сокови во кои не се чувствува вкусот на зеленчукот.

Еден од најпопуларните рецепти ни доаѓа од холивудската кралица на здравата храна – Гвинет Палтроу. Таа советува , дека доколку имате вишок килограми, зелениот зеленчук треба да го компинирате со цитрони. Тие одлично го маскираат вкусот на кељ, блитва или спанаќ, а притоа се сјајни за детоксикација.

sok

Потребно е:

-5 свежи листови кељ

-1 цел лимон, излупен

-1голема јаболка

-околу 2,5 сантиметри свеж ѓумбир

-неколку листови свежо нане

Начин на подготовка

Сите состојќи ставете ги во блендер и додадете околу 120 милилитри ладна вода. Изблендајте ги состојките и оставете ја смесата неколку минути да се соедини.

Пробајте – ќе видите дека има вкус на овошен сок.

Ваквиот ок може да ви биде ужина или замена за појадок – што е особено добро за овие луѓе кои не сакаат да јадат наутро, а знаат дека мораат нешто да јадат, бидејќи е препорачливо за метаболизмот.