Рецепт: Сок за неверојатно зајакнување на имунитетот

Само кивите двојно ја задоволуваат вашата дневна потреба за витамин Ц, а цитронот ќе ви помогне да ги задоволите и другите потреби за витамини.

Овој сок има само 156 калории, 1 грам масти, а воопшто не содржи холестерол.

Состојки:

  • 1 цитрон – излупен и исечен на парчиња;
  • 2 средни портокали – излупени и исечени на парчиња;
  • 3 киви – излупени и исечени на парчиња.

Подготовка:

Ставете ги состојките во блендер и промешајте ги додека не добиете еднаков сок. Пресипете го во друг сад и доколку има потреба додадете вода. Сокот се чува во фрижидер два дена, а пред пиење, задолжително промешајте.