Балкан

Шокантен пресврт во случајот со убиството на Јелена

Шокантен пресврт во случајот со убиството на Јелена

Пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33) од Борча е убиена ѕверски од зад грб e во шумата, а не на местото каде беше најдено телото.

Убиецот по злосторството мртвото тело на Јелена го фрлил во каналот, дознава српски „Ало!“ од извори блиски на истрагата. Убиецот мислел на се, па нејзиното тело подоцна го фрлил во истиот канал, но во населбата Црвенка, каде и да е најдено.

На местото каде што е најдено телото на Јелено, истрагата не нашла премногу големи траги од крв, а ниту од борбара, што укажува дека е убиена на некое друго место, а морало да има траги поради големиот број удари што ги добила. Иако некој се потрудил во непосредна близина на местото да остави ги остави нејзината патика и мобилниот телефон, за да изгледа дека некој тука ја дочекал, ја одвлекол во грмушките и ја усмртил, веруваме дека злосторството е извршено на друго место. На местото каде што била фрлена, била исфингирана борба. Поради тоа веруваме дека убиецот ја дочекал Јелена кај втората рампа, па со автомобил заедно со неа заминал во шумата и ја убил, а потоа нејзиното тело го фрлил во каналот каде што е најдена, објаснува соговорникот.

Обдукцијата покажала дека водата во белите дробови на пејачката е од каналот каде било најдено телото.

Изворот близок до истрагата истакнува дека постои индиција и траги дека Јелена со убиецот што добро го познавала со автомобил поминала низ населбата црвенка кон обиколницата, а дека потоа свртеле повторно кон каналот во шумата, го преминале мостот и застанале затоа што има доста скришни места.

Инаку полицијата по налог на обвинителството повторно ќе ги испита мобилните телефони на сопругот Зоран и на свекорот Владими р Марјановиќ

Извори од истрагата велат дека зоран ќе мора да објасни зошто сите пораки од мобилниот телефон што таа ги разменила со него се избришани од нејзиниот и од неговиот телефон.