Шокантно: Дете фотографирано со кокаин

Тој фотографијата прво и ја испратил на поранешната сопруга, која ја испратила до хрватските медиуми.

дете

– Морав нешто да направам, без разлика на стравот. Ние се разведовме токму поради неговото дрогирање – изјавила жената за хрватската емисија „Проверено“.

Жената прво се обидела да го пријави таткото во Центарот за социјални работи, но бидејќи таму не сакале да ја ислушаат, случајот го пријавила во полиција. Дури тогаш од Центарот повторно и се јавиле за да даде исказ, по што ја советувале да го тужи поранешниот сопруг.

Таа вели дека не направиле ништо повеќе за заштита на детето. Прашува дали треба да се случи трагедија, како момчето што неодамна ја голтна дрогата на родителите во Хрватска, за институциите да направат нешто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.